Собранието ќе гласа доверба на владата

Собранието на 43 седница денеска треба да расправа и да гласа за доверба на Владата, по барање на опозициската СДСМ. Според партијата, причина за барањето е, како што образложија, „двомесечната фингирана конфронтација меѓу владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со која се загрозуваат меѓуетничките односи и интеграциите на земјата“. Во случај да и биде изгласана недоверба на Владата, премиерот до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на државата.