ДПА на утрешното гласање доверба на Владата ќе биде неутрална

Пратениците на ДПА ќе учествуваат на утрешната собраниска дебата за интерпелацијата на Владата, но при гласањето ќе бидат неутрални. Претседателот на партијата Мендух Тачи денеска пред состанокот на партијата во Тетово изјави дека ДПА е во поделикатна позиција од условно македонската опозиција која ја поднесе интерпелацијата бидејќи неодамна ветиле дека ќе ја подржат ДУИ во спречувањето на антиалбанските закони. Тачи додаде на утрешното гласање доверба на Владата ќе бидат неутрални зашто сакаат на ДУИ да им го одземемат и последниот аргумент дека по секоја цена сакаат да бидат дел од оваа влада наместо нив. Тој истакна дека ДПА сака редовни избори со цел да и се даде време на ДУИ да се справи со проблемите.