Поддржувачите на „Грузиски сон“ бараат нови избори во градот Зугдини

Стотици поддржувачите на грузиската коалиција „Грузиски сон“ оддржаа протести во западниот град Зугдини. Тие бараат да се оддржат нови парламентрани избори во нивната област поради изборен фалсификат. Демонстрантите тврдат дека кандидатот на „Грузиски сон“ во нивната област Ираклиј Аласание е вистинскиот победник, а не канидатот на партијата на Михаил Сакашвили, Роланди Алакаја.
Демонстратите го игнорираа вчерашниот повик на нивниот лидери Бидзина Иванишвили да престанат со протестите.
Со речиси сите избројани гласачки ливчиња , избирачката државна комисија соопшти дека коалицијата „Грузиски сон“ освои 82 од 150-те места во парламентот додека партијата на претседателот Михаил Саакашвили освои 68 места.