Турскиот Парламент одобри прекугранична воена операција во Сирија

Турскиот параламент н а денешната дебата за воена акција во Сирија

Турскиот Парламент денеска одобри спроведување на прекугранична воена операција на турската војска во Сирија доколку Владата процени дека тоа е неопходно. Ваквата одлука следува по вчерашниот инцидент при кој од Сирија би испукана минофрлачка ракета кон туркиот пограничен град Акчакале при што згаинаат 5 цивили а 12 се ранети. Владата побара одобрение од Парламентот да испраќа војници во странски земји со меморандум, во кој се посочува дека „агресивните дејствија од страна на сириските вооружени сили против турската територија претставуваат сериозна закана за националната безбедност“. Новинските агнции јавуваат дека до сега Турција не добила никакво појаснување ни извинување до Сирија за инцидентот.