Тодоров: Докторите со театрални изјави ги загрозиле преговорите

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска изјави дека на вчерашните тричасовни разговори со лекарските синдикати слушнал театрални тврдења кои, како што вели, не придонесуваат за добар исход на преговите.
Тој изјави дека тврдењата на поединци како „ докторите ни се гладни, немаат пари ниту за леб, сендвичи си прават од дома и мизерни се платите од 35 илјади денари“, создаваат незадоволство и конфузија во преговорите.
Тодоров смета дека има сериозен проблем во системот, а тоа е лажното внесување на податоци, односно податоци за интервенции не се направени со што се доаѓа до ситуација кога одредени доктори имаат огромен учинок, а нивните колеги кои се во истата група, практично имаат низок учинок или се казнети.
Тодоров додава дека поради тој проблем во проекот оформил осум тима кои во наредните денови ќе ги поминат сите здравствени установи за да ја истражат ситуацијата.