Пилај побара од Србија да ја повлече забраната за Парадата

Комесарката за човекови права од Обединетите Нации Нави Пилај денеска ги повика српските власти да се спротивстават на предресудите и да овозможат оддржување на Парадата на Гордоста во Белград.
Таа побара од српските власти да им обезбедат соодветна заштита и да им овозможат на припадниците на ЛГБТ популацијата да ја оддржат својата манифестација, затоа што забраната како одговор на насилните напади врз ранливите групи во општеството е кршење на основните човекови права.