Иран го попречува американското емитување за странство

Американскиот Борд на гувернери за медиуми соопшти дека Иран повторно ги попречува американските емисии за странство. Бордот наведува дека тоа би можело да е поврзано со вчерашните демонстрации околу вредноста на иранската валута и со масовните апсења. Со попречувањето се опфатени сигналите на Радио Фарда и на Гласот на Америка на персијски јазик, но и програмите на другите јазици кои одат преку Еутелсат.