Турска воена и дипломатска акција по сиријското гранатирање

Акчакале

Турција побара од Советот за безбедност на ОН да ги преземе сите неопходни дејствија по сириското гранатирање врз турскиот град Акчакале во кое загинаа пет цивили, додека 13 други биле ранети. Во писмото се бара Сирија да ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Турција. На синоќешниот итен состанок во Брисел амабасадорите на НАТО побараа запирање на агресивните акти на Сирија. Како одговор на сиријското бомбардирање турската армија изврши напади во Сирија. Парламентот на Турција денеска треба да реши дали да и даде мандат на армијата за операции на сиријска терирторија. Дамаск најави истрага за инцидентот и изрази жалење за жртвите.