Европските нуклеарни централи недоволно безбедни

Европските нуклеарни централи се недоволно безбедни. Ова е дел од драфт- извештајот на Европската Комисија, каде што е наведено дека речиси сите европски нуклеарни реактори имаат недостатоци во безбедноста. Во извештајот кој треба да биде објавен утре, регистрирани се стотици проблеми во 143-те нуклеарни централи. Во извештајот е наведено дека за да се доведе секоја централа во согласност со безбедносните стандарди потребни се 25 милијарди евра.
Во изминативе неколку месеци биле спроведени стрес-тестови врз нуклеарните реактори со цел да се истражи какви последици се можни доколку се случат елементарни непогоди како силни земјотреси, поплави или терористички напади.
Најголемата нуклеарна централа во Франција доби и најлоши оценки во извештајот. Ниту една од 58- те подстаници не ги исполнува во целост стандардите пропишани од Меѓународната агенција за атомска енергија.