Мандатот на Расмусен продолжен за една година

Земјите членки на НАТО донесоа одлука да го продолжат мандатот на Генералниот Секретар Андрес Фог Расмусен до крајот на јули 2014 година. Во соопштението е наведено дека амбасадорите одлуката ја донеле денеска по „ долги консултации“. Продолжувањето на мандатот значи дека Расмусен ќе остане на функцијата, речиси до затварањето на операцијата во Авганистан , кога целосното повлекување на војниците треба да се случи до крајот на 2014 година.Мандатот на шефот на НАТО е во времетрење од 4 години со можноста за продолжување за една година.