Алепо - 40 мртви при експлозии на автомобили бомби

Најмалку 40 лица загинале при три силни експлозии во сирискиот град Алепо, во делот контролиран од владините сили.
Според сириската Обсерваторија за човекови права, експлозиите одекнале пред офицерски клуб во делот на градот контролиран од владините сили. Според државната телевизија, експлодирале автомобили бомби а потоа имало и престрелки од огнено оружје.
Алепо е во средиштето на борбите меѓу владините сили и бунтовниците против режимот на Башар ал Асад.
Во 18 месечното востание, според активистите на опозицијата, загинале 30 илјади луѓе.