Жените на Балканот живеат 5 години подолго од мажите

На Балканот најдолго живеат Грците, а најкратко Турците, се наведува во извештајот на ОН. Според овие податоци, просечниот животен век во Грција е 79,5 години, а по неа следи Словенија со 77,9 години. Трета во регионот е Албанија со просечен животен век од 76,4 години.
Следат Хрватска со просечен животен век од 75,7 години и БиХ со 74,9 години. Во Црна Гора луѓето живеат просечно 74,5 години, во Македонија 74,2 години, а во Србија 74 години.
Бугарија се наоѓа речиси на крајот од списокот со просечен животен век од 73 години, а зад неа се наоѓа Романија со 72,5 години.
На Балканот најкратко живеат Турците со просечен животен век од 71,8 години.
Жените на Балканот просечно живеат пет години подолго од мажите.