Претседателот Ѓорѓе Иванов утре во посета на БиХ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина.
Во рамки на посетата, претседателот Иванов во Сараево ќе оствари средба со претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, со членовите на колегиумот на двата Дома на Парламентот и со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина.
Претседателот Иванов ќе ја посети базата на ЕУФОР, каде ќе оствари средба со медицинскиот тим „Алтеа” од Република Македонија и ќе положи венец на спомен обележјето на загинатите припадници на АРМ.
Европското движење на Босна и Херцеговина, ќе го одликува македонскиот претседател со Орден за регионалното европско партнерство, развојот на пријателствата и процесот на помирување и подобро разбирање меѓу народите во овој дел од Европа.
Шефот на државата ќе ја посети и Бања Лука, каде ќе оствари средба со претседателот на Република Српска Милорад Додик, со претседателот на Народното собрание на Република Српска и со Здружението на иселеници од Република Македонија во Бања Лука