Попоски во посета на Шведска

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со неговиот шведски колега Карл Билд во Стокхолм. Македонското министертво соопшти дека тие разговарале за стратегиските приоритети на Македонија за полноправно членство во ЕУ како и за очекувањата од престојниот извештај на ЕК за напредокот на земјава.
Шефот на шведската дипломатија, Билд ја повторил поддршката на Шведска за евроинтегративниот процес и изјавил дека Шведска ќе се заложи за одржување на кредибилитетот на процесот на проширување на Унијата.