САД мисли дека сириската влада држи американски новинар во притвор

Стејт Департментот мисли дека американскиот новинар кој исчезна во Сирија е држен во притвор од сириската влада. Ова го соопшти портпаролот Викторија Нуланд откако беше објавено видео на Јутјуб каде се гледа дека новинарот Аустин Тис е во рацете на неговите заробувачи. Таа изјави дека Стејт Департментот не може да ја потврди точноста на видеото, односно да потврди кои се заробувачите, затоа што постои можност видеото да е „исценирано“ од страна на режимот, но додаде дека има доволно причини за да се смета за одговорна сириската влада за задржувањето на новинарот.