Турски трупи убиле курдски милитант на границата со Сирија

Сириските активисти за заштита на човекови права со седиште во Лондон денеска соопштија дека турски трупи отвориле оган кон границата со Сирија, при што загинал еден курдски милитант а ранети се двајца. Според тврдењата на активистите курдските милитанти патролирале покрај границата кога турските трупи отвориле оган. Во Москва рускиот заменик министер за надворешни работи Генади Гатилов изјави дека турските и сириските власти треба да покажат „максимална воздржаност“ поради растечкиот број на радикали од страна на сириската опозиција кои би можеле да испровоцираат конфликти во близина на границата.