Законот за задолжителна картица повлечен од Собрание

Владата го повлече законот за задолжителна здравстена картица од Собранието. Законот беше денеска на дневен ред пред пратениците во фазата – второ читање. Пратениците од опозицијата реагираа на овој потег, тврдејќи дека тоа е грубо кршење на собраниската процедура и дека станува збор за политички пазар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Претседателот на Собранието Трајко Вељановски од говорницата порача дека секој доставувач на предлог закон, може да го повлече предлогот, во секој момент се додека тој не е изгласан од пратениците. Пратениците денеска ќе дискутираат за измените на изборниот законик.