Саакашвили го призна поразот

Поддржувачите на „Грузиски сон “ ја прославија победата на изборите

Грузискиот претседател Михаил Саакашвили во телевизиско обраќање соопшти денеска дека неговата владеачка партија ги изгуби парламентарните избори и дека сега преминува во опозиција.
Лидерот на досегашната опозициска коалиција „ Грузиски сон“ милијардерот Бидзина Иванишвили вети дека дека Грузија ќе го продоложи патот кон НАТО и ЕУ, но и дека ќе ги нормализира односите со Русија.
Според првичните резултати досегашната опозициската коалиција има 52 процент од гласовите а Саакашвили и неговото Обединето национално движење имаат 41 процент од гласовите. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави во Брисел дека изборите се показател за демократските процеси во Грузија.