Лавров утре во посета на Исламабад

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утре заминува во посета на Пакистан, при што ќе има средби со пакистанскиот претседател Али Зардари и со премиерот Первез Ашраф. Пакистанското министерство за надворешни работи соопшти дека ќе се разговара за ситуацијата во Авганистан како и за билатерални политички и бизнис теми. Додека е Лавров во Исламабад, шефот на пакистанската армија Ашраф Кајани во Москва ќе се состане со неговиот руски колега.