Процес против батлерот на Папата за кражба на документи

Во судот во Ватикан денеска продолжува процесот против поранешниот батлер на Папата Бенедикт 16-ти, кој е обвинет за кражба на доверливи документи. Паоло Габриеле изјави дека ги зел документите за да ја обелодени корупцијата. Судиите соопштија дека ќе ги земат предвид само доказите од ватиканската полиција, а не и од кардиналите откако и Папата нареди одвоена истрага. Пресудата се очекува до крајот на неделава, а Габриеле би можел да добие казна затвор од 4 години, но и да биде помилуван од Папата.