Украинскиот парламент го повлече законот за клевета

Од протестите на украинските новинари во Киев

Украинскиот парламент реши денеска да го повлече законот за криминализација на клеветата, кој претходно помина во прво читање. Одлуката доаѓа откако во Украина со денови протестираа новинари и медиумски активисти. Само вчера пред украинскиот парламент протестираа над 100 новинари. Во законот, подржан од владејачката партија, беше предвидено заострување на казните за клевета, вклучувајки и казна затвор до 5 години. Опозицијата и независните медиуми тврдеа дека овој закон е дел од блокадата на слободата на говорот пред парламентарните избори кои треба да се одржат во Украина на 28-ми овој месец.