Филе и Аврамополус разговараа за спорот со името

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Атина го увери грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос дека Европската комисија останува посветена на европската перспектива на Западен Балкан.Во врска со Македонија, Филе објаснил како гледа на резултатите од пристапниот дијалог - Има позитивна проценка за реформите, не можам да откријам што ќе биде препораката на Комисијата оваа година, но да посетам дека последните три години препораката на Европската комисија беше да се почнат преговори со Македонија за членство, нагласи еврокомесарот.Двајцата дипломати се согласиле дека е важно да се реши прашањето за името, и да се придвижи Македонија напред. Се договоривме дека европската перспектива е моќна алатка која ги стимулира земјите да ги преземат потребните чекори и да промовираат мир и стабилност од кои ќе имаат корист и Европската унија и нејзините членки,изјави Филе.Аврамопулос потврди дека се разменети мислења за напредокот на земјите во грчкото соседство кон Европската унија. - Решение, кое може да биде взаемно прифатливо, треба да се базира на взаемно почитување на културата и историјата, изјави Аврамопулос.