Во Собранието денеска продолжува расправата за Изборниот законик

Собранието на Република Македонија на 42 - та седница ќе продолжи со расправата по измените и дополнувањата на Изборниот законик. Пратениците од опозицијата побараа вградување на препораките на ОБСЕ-ОДХР во Изборниот законик и овој закон да се донесе со консензус,а најсуштинско е прочистувањето на избирачките списоци.Од ВМРО ДПМНЕ потенцира дека препораките доследно се спроведениОдделување на државата од политичките партии, обезбедување правна заштита од незаконско финансирање на изборната кампања, транспарентност во работењето на Државната изборна комисија и дефинирани рокови за донесување судски одлуки по приговори поднесени од Советот за радиодифузија, се само дел од измените и дополнувањата на Изборниот законик. Тој е во прво читање.