Грузиската изборна комисија бара партиите да не прогласуваат победа предвреме

Грузиската изборна комисија побара од сите партии кои учествуваат на парламентраните избори да не прогласуваат победа се додека не бидат соопштени официјалните резултати. Прелиминарните резултати треба да бидат објавени утре. Излезноста на изборте до доцна попладне била 53 проценти од регистрираните гласачи. Излезноста на овие избори е од големо значење, затоа што земјата минува низ промени и веќе се предложени измени на политичкиот систем со кои пратениците и премиерот ќе добијат поголема моќ. 14 политички партии и две коалиции се надеваат дека со овие избори ќе добијат дел од 150-те пратенички места.