Молдавија:Забренето користење на комунистичките симболи

Законот за забрана за користење на комунистичките симболи за политички цели денеска стапи во сила во Молдавија. Новиот закон беше усвоен во јули од страна на владеачката коалиција „Алијанса за европска коалиција“. Опозициската „Комунистичка партија на Молдавија“ која сочинува една третина од парламентот протестираше против овој закон нарекувајќи го „анти-опозициски закон“. Лидерот на комунистичката партија Владимир Воронин изјави дека неговата партија и натаму ќе продолжи да ги користи традиционалните симболи како срп и чекан и е подготвен да се бори за нив и пред европскиот суд за човекови права.