Во Пакистан нови понуди за главата на режисерот на контроверзниот филм

Поранешен пакистански пратеник Икрамулах Шахид понуди 200 илјади долари на оној кој ќе го убие режисерот на анти-исламскиот филм кој ги разлути муслиманите низ светот. Тој својата понуда ја соопшти на протестите во Пешавар пред 15 илјади демонстранти. Протетсите биле организирани од радикалните исламски и милитантни групи.
Претходно слична понуда даде и министер за железници Гулам Ахмед Билоу кој понуди 100 илјади долари за човекот кој стои зад филмот. До сега најмалку 23 луѓе загинаа во Пакистан на протестите против филмот “ Невиноста на муслиманите“ .
Режисерот на филмот Накула Баселеј Накула веќе е приден во САД затоа што ги прекршил правилата за условна казна со користење на интернет.