СРД му даде рок од 15 дена на Канал 77

Советот за радиодифузија одлучи да иницира постапка за одземање на дозволата на радио Канал 77 и радио Класик, при што им даде рок од 15 дена да ја сменат сопственичката структура. Доколку тоа не го сторат во предвидениот рок ќе им биде одземена дозволата за работа.
На денешната седница било одбиено барањето на сопстеникот на Канал 77 Горан Гаврилов, со кое тој го префрлил радиото во сопственост на неговиот син.
За Телевизијата „Канал 5" членовите на СРД едногласно донесле одлука за прифаќање на промена на сопственичката структура,при што досегашниот Емил Стојменов, син на пратеникот Борис Стојменов не е веќе сосптевник туку Вања Гавриловски.
За телевизијата „Сител “не се расправало, бидејќи таткото на сопственикот на телевизија Сител, Љубисав Иванов Ѕинго, минатата недела се повлече од функцијата пратеник во македонското Собрание.