Со заем од 50 милиони евра ќе се обновува возниот парк на МЖ Транспорт

Вицепремирот Зоран Ставревски денеска потпиша договори за заем и гаранција со ЕБОР во вредност од 50 милиони евра кои треба да бидат наменети за обнова на возниот парк на а.д.„Македонски Железници-Транспорт“. Со парите треба да се изврши набавка на 150 товарни вагони, неколку патнички гарнитури и реконструкција на дел од локомотивите.
Рокот за отплата за заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години и 6 месеци. Ставрески изјави дека со набавката на вагоните значително ќе се зголеми економичноста на МЖ Транспорт бидејќи ќе се намалат трошоците за одржување на возниот парк.