Годишната средба на министри за одбрана од ЈИЕ во Сараево

Во Сараево во следниве 4 дена ќе се оддржи годишна средба на министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа. На средбата ќе се разговара за активностите на Политичко-воениот комитет и за активностите на мултинационалната бригада „Југоисточна Европа“. На средбата ќе учествуваат министрите за одбрана на Македонија, од регионот, Италија, Романија, САД, Турција и Украина.