Дачиќ:Полицијата ќе одлучува за Парадата на Гордоста во Белград

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека полицијата ќе го забрани оддржувањето на Парадата на Гордоста во Белград, доколку процени дека постојат безбедносни ризици.
Тој изјави дека побарал од безбедносните служби да направат процена за безбедноста за оддржување на Парадата или какви било други собири на 6-ти октомври. Дачиќ додаде дека одговорт што го добиле од нив е дека постои голем ризик па што владата нема да одлучува за оддржување на настанот туку Министертвото за внатрешни работи.
Тој додаде дека организаторите на Парадата и оние кои се противат на истата се однесуваат неодговорно.