Преговори за пакетот мерки за штедење во Грција

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас денеска треба да се сретне со претставници на ММФ, Европската комисија и Европската централна банка, за пакетот мерки за штедење што во минатата недела го договорија лидерите на коалициските партнери во владата. Стурнарас оцени дека договорот е основа за силни преговори со кредиторите на земјата и оти предложениот пакет мерки предвидува заштеда на 11 ипол милијарди евра и собирање дополнителни две милијарди евра од нови даночни мерки. Усвојувањето на мерките за штедење е клучно за доделување на следната транша помош за Грција во висина од 31,5 милијарди евра.