Косовскиот премиер во дводневна посета на Шведска

Премиерот на Косово, Хашим Тачи ја започнува дводневната посета на Шведска каде што со тамошните власти ќе разговара за процесот на европските интеграции на Приштина и билатералните односи меѓу овие земји. Се најавува средба на тачи со министерот за надворешни работи на Шведска, Карл Билт и со премиерот Фредрик Рајнфилд при што тема ќе биде дијалогот меѓу Приштина и Белград, реформите и сосотојбата на северот од Косово. Во делегацијата на Тачи ќе биде шефот на дипломатијата, Енвер Хозџај и минстерката за европски интеграции, Вљора Читаку.