Филе во посета на Атина

Еврокомесарот за проширувањето, Штефан Филе денеска ќе престојува во посета на Грција. За време на посетата, тој ќе се сретне со грчкиопт премиер Андонис Самарас и со министерот за надворешни работи, Димитрис Аврамопулос, со кого е предвиден и работен ручек. Покрај средбите со власинирте претставници, планирано е Филе да одржи говор во врска со агендата за проширување на Европската Унија.