Продолжува 42-та седница на Собранието

Собранието ќе ја продолжи 42-та седница на која меѓу останатите точки на дневен ред се Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, Предлог законот за финансирање на политичките партии, Предлог за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета како и Предлог законот за странска информативна дејност во Република Македонија.