Руската црквата бара од „Пуси рајот“ да се покаат

Руската православна црква побара од трите затворенички, членки на панк групата „Pussy Riot “ да се покаат за своето дело сугерирајќи им дека тоа може да им помогне да добијат помилување од судот кој во понеделник ќе ја разгледува нивната жалба за пресудата.
Во соопштението што го објави црквата е наведено дека доколку жените дадат изјави во кои се гледа дека тие жалат и се каат за постапките, нивните зборови „ нема да останат незабележани“.
Во продолжение на соопштението се вели дека нивната постапка во Црквата е навредувачка за чуставата на верниците и дека не смее да помине неказнето.
Трите девојки се осудени на две години затвор поради хулиганство поради тоа што ја изведоа нивната „антипутин молитва“ во катедралата на Христос спасителот во Москва.