Ирак ќе ги проверува авионите што летаат за Сирија

Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари изјави дека ќе побара од Сирија нејзните авиони кои се поврзани со Иран и ја прелетуваат нивната територија да слетуваат за проверка, поради инфомацијата од Вашонгтон дека тие може да пренесуваат оружје за Дамаск. Тој додаде дека американските власти стануваат се позагрижени во изминативе неколку дена за време на Генералното собрание на ОН. Зебари изјави дека тие тврдат дека доколку авионите пренесуваат оружје во Сирија, со тоа ја прекршуваат резолуцијата на Советот за Безбедност на ОН и бараат од Ирак да го сопрат тоа. Ирачката шиитска влада е блиска со регионалните шиитски моќници во Иран. Иран е еден до главните сојузници на сирискиот претседател Башар Ал Асад.