Тачи: Поделба на Косово е невозможна

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Србија и Косово треба набрзо да ги нормализираат односите за да почне процесот на интеграција во ЕУ. Тој додаде дека поделба на Косово нема да се случи. Во интервјуто за Асошиетед Прес Тачи вели дека преговорите меѓу Белград и Приштина треба што поскоро да почнат, затоа што и двете земји ќе имаат бенефит од тоа. Тачи смета дека Белград го отежнува процесот со што 12 години лаже дека ќе дојде до поделба на Косово, а такво нешто веднаш би имплицирало промена на граници на најмалку 6 држави.