СДСМ ќе поднесе интерпелација на Влада

Следната недела опозицијата ќе поднесе интерпелација за владата, со цел да излезе на виделина театарот на ВМРО-ДПМНЕ и Али Ахмети. Ова го соопшти синоќа лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на митингот во Битола. Тој изјави дека СДСМ сака да ја прекине, како што вели, оваа лакрдија со што ќе и покаже на јавноста како пратениците Силвана Бонева и Влатко Ѓорчев ќе гласаат по прашањето дали министерот Фатмир Бесими треба да остане на својата функција, а од друга страна како Ермира Мехмети и Талат Џафери ќе гласаат за Гордана Јанкулоска дали да продолжи да седи во власта.

Црвенковски смета дека владините партнери јавно прават театар, а тие и понатаму ќе продолжат сложно, како што вели, „да си ги делат тендерите, да спроведуваат рекет и да си ги полнат сметките во странство“.