Шпанскиот јавен долг ќе биде 90,5 од БДП во 2013

Јавниот долг на Шпанија во 2013 година ќе достигне 90, 5 % од БДП вклучувајќи го и новиот буџет кој содржи пакет мерки за штедење, се наведува во владините документи. Шпанскиот министер за финансии тоа го објасни со растот на каматната стапка во јавните финансии. Нацрт буџетот за 2013 е проектиран така што ќе ги намали вкупните расходи за 40 милијарди евра. Буџетот ги крати средствата за помош на невработените како и трошоците за кралскиот двор Шпанија се соочува со втора рецесија за последниве неколку години а секој четврти жител во земјата е невработен.