Русија сеуште размислува за базите во Таџикистан

Рускиот командант на копнените сили, генералот Владимир Чуркин, за московската радио станица Ехо изјави дека Русија нема да биде во можност да го потпише договорот за користење на воените бази во Таџикистан до првата половина на 2013 година. Чуркин рече дека на двете земји им треба уште време за консултации и постигнување договор околу условите за останување на руската 201 Дивизија уште 49 години во базата по истекот на сегашниот договор во 2014 година. Руските трупи кои се стационирани таму по Втората светска војна, ги користеа базите без надомест се до распадот на СССР. Чуркин рече дека Таџикистан сега очекува материјална помош како дел од договорот за проширување.