Тимошенко од затвор им се обрати на гласачите

Опозицискиот лидер, Јулија Тимошенко од затвор им порача на украинските гласачи да ја соборат од власт партијата на претседателот Виктор Јанукович на парламентарните избори што ќе се одржат на 28 октомври. Двоминутното видео со пораката на Тимошенко беше објавено на сајтот на опозициската „Татковина“. Зборувајќи од болницата каде што е сместена поради болки во грбот, Тимошенко му порача на електоратот да „ја изгони мафијата која што управува со Украина и ги игнорира човековите права“.