Во Карачи протести против контроверзниот филм

Илјадници луѓе во најголемиот пакистански град, Карачи протестираат против филмот кој го сметаат за анти-исламски а кој е во приватна продукција произведен во САД. Демонстрантите маршираат по главната улица во градот газејќи и по американското знаме. Полицијата процени дека станува збор за над 15 000 демонстранти додека пак организаторите на протестот велат дека станува збор за милиони луѓе. Филмот „Невиноста на муслиманите“ предизвика големи незадоволства и протести ширум светот.