Одбележување на Детската недела во Македонија

Macedonia - Roma children in the settlement Trizla in Prilep, May2012

Од 1 до 7 октомври во Македонија ќе биде одбележана Детската недела во рамките на „Светскиот ден на детето“ кој се одбележува секој прв понеделник во месецот во сите земји во светот. За време на манифестацијата која годинава ќе се одржува под мотото „За поубав свет“, како што информираат од министерството за труд и социјална политика, ќе бидат организирани културни, забавни, образовни, спортско-рекреативни и еколошки активности посветени на децата. За време на траењето на детската недела на секој продаден влезен билет за театар, кино, изложба и други културни настани, ќе се плаѓа и додатен симболичен износ од 2 или 5 денари кои ќе бидат употребени во насока на подобрување на статусот на децата. Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето на ОН од 1989 година.