Владата објавува нов оглас за социјални станови

Министерството за транспорт и врски в понеделник ќе објави оглас за распределување на 129 социјални станови, од кои 78 во Битола и 51 социјален стан во Берово, најави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Социјалните станови се наменети за решавање на станбеното прашање на деца без родители или родителска грижа кои имаат над 18 години, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, инвалиди или лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице, самохрани родители со малолетни деца, припадници на Ромската заедница социјално загрозени, Крајниот рок за аплицирање во меѓуопштинските центри за социјална работа во Битола и во Берово, е 1-ви ноември 2012 година.