Милановиќ: „Соседите да не следат кон ЕУ“

Говорејќи пред генералното собрание на ООН, Хрватскиот премиер, Зоран Милановиќ ги повика земјите од Балканот да го следат примерот на Загреб во процесот на приближување на ЕУ. Тој рече дека Хрватска, ќе и се придружи на ЕУ најверојатно во средината на 2013 година,нарекувајќи го процесот на приближување како главен мотиватор за спроведување на социјалните и политичките реформи.Тој исто така рече и дека Хрватска е подготвена да ги сподели искуствата и да учествува конструктивно во спроведувањето на реформскиот процес кај земјите од нејзиното соседство базиран на демократијата и европските вредности.