Северно Косово-најголем предизвик за ЕУЛЕКС

Шефот на ЕУЛЕКС, Гзавије де Марнак изјави дека најголем предизвик за неговата мисија е состојбата на северот од Косово, но дека мисијата на ЕУ е подготвена и таму да го спроведе владеењето на правото. „Кога станува збор за северот на Косово, важно е дека ние можеме да го подобриме владеењето на правото на тоа подрачје во интерес на тамошните жители“, изјавил де Марнак во интервју за агенцијата Бета. Шефот на ЕУЛЕКС рекол дека мисијата е присутна во овој дел.