Руски опозициски пратеник не смее да зборува во парламентот

Иља Пономарјов

Рускиот парламент гласаше да му се забрани на опозицискиот пратеник Иља Пономарјов еден месец да зборува пред парламентот откако тој пратениците на владејачката партија ги нарече „арамии и разбојници“. Овој термин често пати го употребува еден од главните опозициски лидери Алексеј Навални при опишувањето на „Обединетита Русија“, партијата на претседателот Владимир Путин.