Намален бројот на работници во индустријата во август

Бројот на работници во индустријата во Македонија во август е намален за 4,1 проценти во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголемо намалување е забележан во секторот Преработувачка индустрија за пет проценти. Во периодот јануари - август има намалување на бројот на работници за 2,1 процент во споредба со истиот период минатата година.