Кршењето на човековита права во Сирија, продолжува

Советот за човекови права на Обединетите Нации денеска усвои резеолуција со која се осудуваат се поголемите насилства од страна на сиријските владини сили. Со резолуцијата, исто така, и се продолжува мандатот на меѓународната комисија која ги истражува воените злосторства во Сирија. Од 47 земји членки на ова тело со седиште во Женева, само Кина, Куба и Русија гласаа против резолуцијата, а три други земји беа воздржани.