Во Калифорнија закон за приватност на социјалните мрежи

Гувернерот на Калифорнија Џери Браун

Гувернерот на Калифорнија Џери Браун потпиша закони со кои работодавачите и факлултетите нема да смеат да бараат од вработените и студентите да им ги даваат корисничките имиња и шифри за социјалните мрежи. Законите не се однесуваат на шифрите или информациите кои им биле дадени на работа или на факултетите. Гувернерот на Калифорнија законите ги објави на социјалните мрежи Твитер, Фејсбук и Гугл Плус.